29 Април, 2024
0.0281

НОВ ПОРАСТ НА ОСНОВНАТА КАМАТА, ТАА СЕГА Е ТРИ ОТСТО - НБМ го олеснува и кредитирањето на домашното производство на енергија

Објавено во: Финансии 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

На седницата на Советот на Народната банка била донесена одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. 

„Со оваа одлука, основата за издвојување задолжителна резерва во денари на банките ќе биде намалена за износот на новоодобрените кредити за финансирање проекти за домашно производство на електрична енергија од обновливи извори. На ваков начин, во услови на енергетска криза и силен раст на глобалните цени на електричната енергија, коишто влијаат и врз девизниот пазар, но и врз домашните цени и животниот стандард, Народната банка придонесува кон ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата. Покрај тоа, со оваа мерка се поддржуваат и „зелените финансии“ и одржливото финансирање, како стратегиска цел во најновиот стратегиски план на централната банка“, се вели во соопштението од НБМ.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3 отсто, а понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари. 

На оваа седница беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,5 п.п., на нивоата од 0,90% и 0,95%, соодветно. При носењето на одлуката беа земени предвид движењата кај инфлацијата, којашто и во август се зголемуваше, но поумерено. Овие измени би придонесле за натамошно поттикнување на штедењето во домашна валута, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките во корист на понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи. Со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, промените во домашната монетарната политика ги одразуваат и промените во поставеноста на ЕЦБ. Домашниот девизен пазар бележи стабилизација и во изминатиот период, при умерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи на менувачкиот пазар којшто е значително повисок од очекувањата. Во вакви околности, Народната банка и натаму откупува девизи што придонесе за натамошен раст на девизните резерви.

Најновите податоци за инфлацијата покажуваат просечна инфлација во периодот јануари – август 2022 година од 11,6 отсто на годишно ниво и таа и понатаму главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата. Така, најголем придонес за растот на домашната инфлација има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Но, нивниот подолготраен и посилен раст создава преносни ефекти и врз цените на останатите производи и услугии дополнително ги подгрева инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики. Во изминатите неколку месеци кај цените на храната се забележуваат поизразени надолни приспособувања на светските берзи, што во следниот период може да доведе до надолни приспособувања и кај домашните цени. Воедно, надолни се и ревизиите и на очекувањата за раст кај дел од овие цени. Сепак, неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите е нагласена поради воените случувања во Украина.

Девизните резерви и натаму се во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди. Од јули наваму, девизните резерви бележат постојан раст, главно поради интервенциите на Народната банка на девизниот пазар коишто се во исклучително висок износ од 183 милиони евра, за овој период. Ваквата позиција на Народната банка придонесе за дополнителен раст на нивото на девизните резерви, којшто е над проекциите за овој период од годината.

Во однос на активноста во домашната економија, во вториот квартал од 2022 година БДП оствари реален раст од 2,8% на годишна основа, што е целосно во согласност со очекувањата според последните проекции, односно според априлските проекции Народната банка очекуваше раст од 2,8%. Збирно, за првото полугодие остварувањата се малку подобри од проекциите на Народната банка. Расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал се ограничени, но поради постојаните надолни ревизии на странската побарувачка предизвикани од воениот конфликт во Украина и сè подлабоката енергетска криза, се зголемуваат надолните ризици за растот во следниот период.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, согласно со последните податоци кредитната активност и натаму е солидна и над проекциите, а се бележи раст и на вкупните депозити, но поумерено од очекувањата.

Во август, во центарот на вниманието на меѓународните финансиски пазари беа очекувањата на инвеститорите за понатамошно затегнување на монетарната политика од страна на најголемите централни банки. Притоа, се засилија очекувањата дека ЕЦБ ќе ги зголеми референтните каматни стапки за 75 базични поени, што се оствари на состанокот на почетокот на септември. Во такви околности, цените на државните обврзници во САД и во еврозоната забележаа пад, односно нивните приноси се зголемија. Во истиот период, вредноста на САД-доларот во однос на еврото и натаму се зголемува.

Општо земено, ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и се поврзани претежно со надворешното окружување. Главниот ризик и понатаму претставува неизвесноста предизвикана од глобалните геополитички тензии и нивното влијание врз цените и економската активност во глобални рамки, а пред сè врз снабдувањето со енергија во рамките на Европа. Не треба да се занемарат неизвесноста и ризиците од пандемијата на ковид-19, којашто сѐ уште не е завршена. Во вакви услови неопходно е водење претпазливи домашни политики. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и ќе продолжи со користењето на сите расположливи инструменти, со цел да се одржи стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност. 

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?