НОВ ПРЕСВРТ ВО БРИСЕЛ: Браќата биле разделени за време на нападот-Најдено проштално писмо!
Објавено во: Свет 23 Март, 2016
Ибрахим ел Бакрауи е одговорен за експлозијата на аердромот во Брисел, а неговиот брат Калид за активирање на бомбата во подземната железница.
Тоа го соопшти белгискиот федерален истражител Фредерик ван Лев кој со тоа ги потврди шпекулациите дека браќата не ги извршиле заедно самоубиствените напади на аеродромот.
Прочитајте и за ова: [button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/03/23/greshka-na-taksi-sluzhbata-go-spasi-brisel-kako-nedorazbiraneto-sprechi-pogolema-katastrofa/" target="blank" ]ГРЕШКА НА ТАКСИ СЛУЖБАТА ГО СПАСИ БРИСЕЛ: Како недоразбирањето спречи поголема катастрофа?![/button]
Засега уште не е идентификувана другата личност која ја активирала експлозивната направа на аеродромот, додека Наџим Лахрауи не е наведен како трет маж на снимката која ја забележала сигурносната камера.
Сепак, за Лахрауи полицијата интензивно трага.
Ван Лев рекол дека браќата Ел Бакрауи имале „дебели полициски досиеја“, но дека тие не биле во врска со терористички активности, а исто така потврдил дека напаѓачите до аеродромот дошле со такси од бриселската населба Шарбек.
Во текот на претресот во еден стан во таа населба полицијата нашла лаптоп во кој се наоѓала текстуална порака во кантата за ѓубре а која ја напишал Ибрахим Ел Бакрауи. Во неа навел дека очекува полицијата да дојде по него, како и дека не сакал да стане член на терористичката ќелија, пренесе БизнисИнсајдер.
Тој напишал дека се наоѓа во многу лоша ситуација и дека ако не дејствува сега ќе заврши во затвор.
Во текот на ноќта едно лице е приведено на информативен разговор, не е познато дали е задржано во притвор, додека едно лице е пуштено на слобода, после темелна истрага.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/03/23/presvrt-vo-brisel-uapseniot-vo-anderleht-ne-e-osomnicheniot-tret-terorist/" target="blank" ]ПРЕСВРТ ВО БРИСЕЛ: Уапсениот во Андерлехт не е осомничениот трет терорист![/button]
Додал дека и вкупно 32 лица загинале во терористичките напади во Брисел, како и дека 270 се повредени.
Полицијата се уште не го идентификувала третиот осомничен - човекот во светлата јакна и капа на правото слика објавена од страна на белгиските власти - но велат дека тој се уште е во бегство.
Претходно се појавија информации дека е фатен третиот напаѓач, но набрзо по нив белгиските власти ги демантираа како неточни.
Масовна потера е во тек за третиот осомничен и неколку други луѓе најверојатно поврзани со нападите, велат од белгиското обвинителство.