Нов урбанистички план за Штип, побрзо ќе се даваат дозволи за градба
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2013
Следните седум месеци ќе се прави новиот Генерален урбанистички план (ГУП). Планот ќе го прави јавното претпријатие„Штип проект“, а како што најавува директорот Александар Шумански, на изработката на новиот ГУП ќе работат 15 експерти од различни области, кои треба да ги дадат насоките за развој на градот за следните 10 години.
„Морам да кажам дека новиот Генерален урбанистички план е проширен и зафаќа површина од 2.300 хектари. Во него ќе имаме нови сообраќајни решенија за градот, а исто така и насоки каде треба да се шири градот во делот на инфраструктурата и изградбата на нови станбени објекти“, изјави Шумански.
Општината за изготовката на новиот ГУП ќе инвестира околу 70.000 евра, а според најавите новиот план ќе овозможи општината побрзо и полесно да одговари на барањата на инвеститорите, кои сакаат да градат.