Добивај вести на Viber
Кога ќе поминете покрај бензиска пумпа и нема да го почуствувате мирисот на бензин, ќе знаете дека се исполнети стандардите и овој закон почнал да функционира. Вака министерот за животна средина Абдулаќим Адеми ги поедностави одредбите пропишани во Предлог законот за контрола на емисии од испарливи органиски соединенија при користење на бензини.
За време на втората расправа во Стопанската комора на Македонија, Адеми го презентираше финалниот текст од законот за кој посочи дека е работен врз основа на забелешките дадени од првата расправа одржана во мај.
На расправата учествуваа и претставниците на компаниите засегнати од ова прашање, како и од неевладинитт сектор од каде побараа законот што поскоро да стапи во сила веднаш бидејќи сегашниот рок за применување, 1 јануари 2015 година е многу долг и ќе го продолжи загадувањето на воздухот.
„Засегнатите страни кои во иднина треба да го импламентираат овој закон го прифаќаат и се подготвени активно да учествуваат во неговата реализација“, изјави Адеми за време на своето обраќање. Според него, освен бенефит за човековото здравје, ќе има и економска корист бидејќи на компаниите ќе им се врати инвестицијата преку инсталирањето на нова технологија.
Со овој закон се предвидува за 85% да се намали испарувањето на бензин од пумпите и терминалите. Така бензинските пумпи ќе треба да набават посебни пиштоли за точење гориво со гумен дел кој целосно ќе го затвора отворот на резервоарот на колите при точење бензин или пиштол кој има вграден дел кој ќе ги шмука гасовите. Компаниите што пренесуваат горива ќе треба да обезбедат технички уреди кои ги собираат гасовите што испаруваат.Во Македонија пое 1 јануари 2018 година нема да се дозволи изградба на бензиски станици доколку не ги исполнат техничките барања пропишани со законот, како и за транспортот на бензинот и инсталациите за складирање и негово претоварање.