Нова фабрика ќе се гради во индустриската зона „Жабени“
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2013 14:39
Денеска во индустриската зона „Жабени“Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, додели трето решение - одобрение за градба на нова фабрика во зоната.
Третата фабрика, како што информираше на денешната средба со новинарите, ќе биде ориентирана на производство на пластична амбалажа за прехранбената и хемиската индустрија, на површина од 4.000 квадратни метри.
- Во наредниот период ќе доделиме уште пет други одобренија за градба со што покрај германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ ќе се издигнат уште шест фабрики, заедно со веќе одобрената за градба фабрика ориентирана во млечната индустрија, истакна Талески.
Инвеститор на новиот стопански објект во индустриската зона „Жабени“ е поранешниот македонски фудбалски селектор Мирсад Јонуз чија фирма е со седиште во Скопје, но одлучила своите производствени капацитети да ги прошири во Битола.
- Со подобрување на временските услови веднаш ќе стартуваат градежните работи за нашата фабрика. Овој капацитет ќе произведува пластична амбалажа за потребите на прехранбената и хемиската индустрија, изјави Џевдет Фејзуловски, претставникот на фирмата инвеститор.
Талески најави и нови инвестиции во поранешната битолска касарна, гасификација и топлификација за што има поддршка од Владата на Република Македонија и изградба на две нови детски градинки во Битола.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





