Нова кампања на СОС Детско село- “Семејство за секое дете”
Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2023 10:55
Kоја е најголемата желба на децата? Некое дете сака барбика со фустани, друго нов велосипед, куче, патики што светкаат... Но, за некои деца најголема желбае да имаат семејство. Оваа емотивна порака за тоа колку е важно семејството за секое дете ја пренесува СОС Детско село во видеото подготвено по повод одбележувањето на 15 мај – Меѓународниот ден на семејството.
Преку ова видео, но и преку други активности поврзани со одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село сака да ја подигне свеста на јавноста за важноста и потребата од формирањето згрижувачки семејства во нашето општество бидејќисекое дете неопходно е да расте во семејно опкружување.
Токму тоа е мисијата на СОС Детско село во изминатите 22 години, да гради семејства за децата без родителска грижа со цел секое дете да расте со љубов, грижа и чувство на припадност.
Семејството, како основна општествена единица, игра многу важна улога во животот на секое дете. Тоа влијае врз формирањето на неговиот карактер, како и врз неговата иднина и затоа како заедница не смееме да дозволиме ниту едно дете да расте без семејство.
Во моментов, СОС Детско село дава поддршка на 70 згрижувачки семејства совкупно 169 деца и млади без родителска грижа. Преку овој концепт, децата и младите без родителска грижа растат во семејно опкружување и атмосфера, со што се поставуваат цврсти темели на нивниот натамошен живот исполнети со љубов, сигурност и поддршка.
Во рамки на активностите за одбележување на Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село ја промовираше својата прва едукативна сликовница „Најискрена прегратка“. Станува збор за приказна која нема возрасна граница и која пренесува универзална порака за развој на инклузијата, емпатијата, почитта и искрената детска љубов. Сликовницата „Најискрена прегратка“ може да се купи во книжарниците на издавачката куќа „Арс Ламина“, со што граѓаните ќе помогнат во мисијата на СОС Детско село да обезбеди семејство за секое дете.
Секој од нас може да помогне во мисијата на СОС Детско село и да усреќи многу деца без родителска грижа. За секое дете да расте во семејство, помогнете и донирајте преку веб-страницатана СОС Детско село Донирај СЕГА!.
Погледнете го емотивното видео на СОС Детско селоСемејство за секое дете
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




