27 Април, 2024
0.0314

НОВА КАТНА ГАРАЖА ОКОЛУ ЛЕПТОКАРИЈА, ЗЕЛЕН ПАРК ВО КАРПОШ 4: Весковски зборува за романтично Тафталиџе, урбано Злокуќани

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Град Скопје, вели кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ и Коалицијата Душко Весковски. Тој денеска во обраќање ги претстави клучните поенти од визијата која ја има за општината. Вели дека е одлучен целосно да го искористи овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење. Мотото за кампањата е „Најдоброто за Карпош“, а Весковски вели дека ќе води позитивна кампања, со почит и разбирање за потребите на граѓаните.

„Карпош ќе стане општина со најголем процент на зелени површини, неверојатно чиста, наклонета за велосипедистите и организирана за автомобилистите. Карпош го живееш во младоста, но не го напушташ ни во староста. Визијата за Млечен и Делфина, за Лептокарија и Карпош 1,2 и 3 и за паркот во Карпош 4, за Влае крај Вардар, за планската урбанизација на Злокуќани и Бардовци, за романтичното Тафталиџе, преку Козле кон Трнодол и Жданец, можеме заеднички да ја оствариме ако на 12-ката победа и подариме, оти животот не е само она што ни се случува додека го кроиме, туку и кога за него се бориме, вели Весковски во објавата.


Најавува изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата, изградба на две нови детски градинки и реконструкција на постојните капацитети, изградба на голем зелен парк во Карпош (спроти населбата Карпош 4), дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци, високо ниво на комунална хигиена, Карпош ФИТ – програма, решение за проблемот со паркирањето, младински центар во Општина Карпош, субвенционирање на еколошки превоз за млади.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“