Секогаш во тек
Нова услуга од Шпаркасе Банка - СМС-известувања
Објавено во: Мои пари 07 Април, 2017 15:55
Започнувајќи од 01.04.2017 г. Шпаркасе Банка Македонија воведе нова услуга, со која им овозможува на своите клиенти користење на услугата СМС-известувања. Со испраќање СМС-пораки на мобилниот телефонски број на корисникот, клиентите може да бидат постојано во тек, да ги следат и да ги контролираат трансакциите направени со платежните картички од Шпаркасе Банка!
Понудата е достапна за сите физички лица, кои отсега имаат можност да добиваат
СМС-известувања за промените на трансакциската сметка како и за различен тип трансакции:
-СМС-известување за прилив на трансакциска сметка
-СМС-известување за трансакции со платежни картички
-СМС-известување за важност на картичка (на првиот работен ден од месецот кога истекува картичката)
СМС-услугата носи многу предности за клиентите на Банката, во земјата и во странство. На пример, корисникот добива СМС-известувања за какви било реализирани трансакции на кое било место во светот! Дополнително, корисниците добиваат известувања што придонесуваат за побезбедни и посигурни трансакции: навремена информација и спречување злоупотреба на картичката, известувања за секој прилив на трансакциската сметка, информација за истек на важноста на платежната картичка, дополнителна безбедност при вршење трансакции.
Воедно, корисниците ќе можат да се запознаат со сите новости и најнови производи од Шпаркасе Банка преку промотивните известувања по СМС.
ПРОМОТИВНО до 31.05.2017 г. - сите клиенти што ќе аплицираат за услугата СМС-известувања, добиваат бесплатно користење на услугата до истекот на третиот месец од аплицирањето!
Дополнителни информации за оваа понуда можете да погледнете на веб-страницатана Шпаркасе Банка Македонија или во која било експозитура на Банката.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




