26 Април, 2024
0.0267

Новата управа на „Скопски пазар“ наследи „богатство“ од кредити и обврски

Објавено во: Економија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Крупна работа е пред новата управа на „Скопски пазар“ – треба да се намалат финансиските расходи кои сега за пола година „делкаат“ 190.000 евра. Треба да се намалат обврските кои сега надминуваат 15 милиони евра и да се фокусираат сите ресурси на зголемување на приходите кои изнесуваат 2,4 милиони евра.

„Скопски пазар“ првото полугодие годинава го заврши со финансиски расходи од 190.000 евра тоа се пари кои компанијата ги дала , во најголема мерка, за камати на своите обврски спрема кредиторите. Токму нивното намалување и сведување во разумни рамки ќе се наметне како приоритет за новата управа на компанијата составена од претставници на двата најголеми акционери „Современ дом“ од Прилеп и скопската градежна фирма ЗСФ КОМ.

Какво наследство оставија браќата Давитковски на новата управа?

Браќата Давитковски кои беа сменети од најголемите акционери по десетгодишно влаедење со „Скопски пазар“ на новата управа и оставија да се справи со обврски од 15,7  милиони евра. Тие на полугодие се за 8 отсто пониски од обврските што ги имаше компанијата истиот период лани. Реструктуирањето и менаџирањето на долгот ќе биде всушност и најголемиот предизвик на новиот управен одбор. Од структурата на бврските се гледа дека најголема е ставката останати краткорочни обврскина која отпаѓаат 7,6 милиони евра и тие се за 8 отсто поголеми од првото полугодие лани. Вкупните тековни обврски на компанијата надминуваат 11 милиони евра.  Долгорочните обврски се долгорочни кредити и тие изнесуваат околу 4,5 милиони евра и се помалу за 24 отсто од истиот период лани.

Од билансот на успех се гледа дека оперативната добивка на компанијата е безмалку 0,5 милиони евра и тоа е за 40 отсто подобар резултат од првото полугодие лани. На приходната страна се гледа дека приходите од продажба во споредба со истиот период лани се пониски за 4 отсто и изнесуваат 2,4 милиони евра. Од домашен пазар е речиси целата реализација и таа изнесува 2,392 милиони евра. Оперативните расходи се 2 милиони евра и во споредба со лани тие се тие се пониски за 13 отсто. Најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат безмалку 900.000 евра.

Што се случи неодамна во „Скопски пазар“ можете да прочитате на следнот линк: Ќе го вратат ли новите газди дијамантскиот сјај на „Скопски пазар“


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9