Добивај вести на Viber
Општина Илинден објави продажба на 12 нови парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата елитна населба „Јака“.
Се нудат градежни парцели со големина од 385 до 561 метри квадратни. Почетната цена на огласеното земјиште изнесува 148 денари од метар квадратен, а пријавите за учество треба да се достават до 6 септември.
Градежните парцели се наоѓаат во новата населба „Јака“, која се наоѓа на 10 километри од центарот на градот Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.