Нови 134 заболени, бројката на починати надмина 200
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2020
Во последните 24 часа се регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 од направени 1173 тестирања во Македонија, објави Венко Филипче, министерот за здравство, а има и осум починати лица.
Најголемиот број на позитивни се во Скопје со 97 случаи, додека во другите градови се помалку и следуваат Тетово 11, Ресен 7 Куманово 5 и Струга со 3.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).
Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.
Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на досегашни починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.