Нови 40 заболени, еден починат, позитивен и вработен во скопска градинка
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2020
Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. од новозаболените од Скопје се 26, од Куманово 1, од Прилеп, 1, од Тетово 10, Велес -1 и Битола-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, а почина и пациент од Прилеп кој имал 56 години и кој бил лекуван на клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје, лекуван на клиниката од 12 мај.
Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје. Претходно имаше и едн позитивен од градинка од Битола.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.