Нови 737 стипендии ќе се доделуваат во учебната 2013-2014 година
Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2013
И оваа учебна 2013-2014 година ќе бидат доделени 737 стипендии во шест различни категории.
400 стипендии ќе се доделат за социјална поддршка на ученици, 80 за ученици со статус на деца без родители, 50 стипендии за ученици со посебни потреби, 150 за талентирани ученици-спортисти, 50 за талентирани ученици и 7 за ученици од угостителско-туристичка струка.
На денешната прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски информира дека стипендиите се наменети за редовни ученици во јавните и приватни средни училишта во Македонија кои не повторувале година во образованието и не се корисници на стипендија од други институции.
Кандидатите, потенцира тој, треба да исполнуваат дополнителни услови специфицирани во конкурсите за секоја од категориите.
Конкурсите ќе бидат објавени во печатените медиуми и на интернет страницата на МОН, в понеделник, а аплицирањето ќе трае две недели.
Министерот Ристовски нагласи дека сите доставени документи писмени и електронски, ќе бидат детално прегледани со цел правилна и фер распределба на стипендиите.