Добивај вести на Viber
За целосно довршување на реконструкцијата и надградбата на зградата на републичкото Собрание градежната компанија „Бетон“ од Скопје ќе добие уште 49.068.067 денари или околу 800 илјади евра.
Пред еден месец е склучен нов договор, со кој се предвидени дополнителни работи при изведување на доградбата, надградбата, адаптацијата и зајакнувањето на објектот. Целокупните активности треба да се завршат во претстојните недели, со што би се испочитувал актуелниот рок – ноември 2013 година, период за кога е планирано заокружувањето на реконструктивниот зафат што трае повеќе од две и пол години.
Проектот за доградба и надградба на Собранието, адаптација и зајакнување на конструктивниот систем и обновување на фасадата започна да се реализира во 2010 година, а првичната проценка беше дека за него ќе се потрошат 10,5 милиони евра.