20 Јули, 2019
0.0393

Нови даноци или даночни олеснувања – Кое е вистинското решение

Објавено во: Колумни 19 Февруари, 2019

Give me six hours to chop down a tree and I will spend the first four sharpening the axe.” – Abraham Lincoln

Започнувајќи од оваа година на сила стапи новиот закон за данок на личен доход, кој беше неславно пречекан и со право. 

Во јавноста акцентот беше ставен на членовите кои се однесуваат на данокот од доход од работа, самостојна дејност, авторски и сродни права и нивното влијание врз граѓаните на Република Македонија, но скоро и да немаше коментари или анализа за влијанието на член 55 кој се однесува на данокот за доход од капитал кој може да има значајно влијание врз економскиот раст во државата. 

Иако комплетно се согласувам дека даночните стапки кои моментално ги имаме се далеку пониски од тие во странство, ова не е моментот кога треба да се наметнуваат! 

Абрахам Линколн рекол, дајте ми 6 часа да го пресечам дрвото, првите 4 часа ќе ги потрошам да ја наострам секирата. А ние тргнавме да го сечеме дрвото со тапа секира.

Според Народната банка на Р.Македонија, инвестициските фондови и натаму имаат многу мало значење во рамките на македонскиот финансиски систем. И покрај трендот на зголемување на нивното учество во вкупните средства на финансискиот систем, тоа е мало и изнесува само 1,0%.  Додека пак од последните извештаи на Народната банка на Македонија, во овој момент во Р. Македонија има вкупно 7.5 милијарди евра депозити од физички и правни лица. 

Наместо да го стимулираме развојот на инвестициската активност и инвестициската свест кај граѓаните и можностите за пасивен приход, со помош на будење на заспаниот македонски капитал во вид на депозити, ние го стимулираме развојот на чување пари под душек или пак нивен одлив, затоа што другите две опции – инвестиции и чување во банка стануваат скапи. 

Приходите од данок на доход од капитал кај развиена економија се поголеми од приходите во неразвиена економија. 

За потребите на оваа колумна направив мало истражување на поврзаноста на даночните олеснувања со инвестициската активност во Европа. Од претставените графикони може да се види дека кај земјите со најголем број на даночни олеснувања за физички и правни лица кои ги инвестираат своите пари, се забележува најголема инвестициска активност. 


Пример за ефектот од воведување на даночни олеснувања за инвестиции во приватниот пазар на капитал:

Турција – 75% даночно олеснување на секои инвестирани 100.000 евра.

За 3 години се формирани 13 мрежи на инвеститори со капитал од 400 милиони евра.

Англија – 50% даночно олеснување за инвестиции до 100.000 евра. 

Во првите 12 месеци е собран капитал од 82 милиони евра.

Преку мерките за стимулирање и поддршка, доаѓаат повеќе макроекономски, микроекономски и монетарни придобивки, како што се раст на истражувањето, развојот и иновациите, зголемување на работните места, зголемен број на инвестиции, зголемена професионалност кај компаниите, ре-алокација на капитал и зголемена отпорност на кризи. 

Добра појдовна точка за креирање на шема на даночно олеснување во Р. Македонија. Е истражувањето на Европската Комисија спроведено во соработка со PricewaterhouseCoopers - London, Center for Social and Economic research – Warsaw и Institute for Advanced Studies – Vienna,  кое опфаќа 46 шеми на даночни олеснувања во креирана е листа на најдобрите 6 шеми според следните критериуми: опфат на шемата, критериуми за квалификување, администрација, стабилност и дарежливост.


Тоа што ни е најпотребно во овој момент е структурно работење и дејствување. 

Даноци да, но прво развој на економијата ! 


Пишува: Дамјан Кочов

Авторот е магистер на McCombs School of Business дел од Универзитетот на Тексас во Остин, 17 то рангиран универзитет во светот


Можеби ќе ве интересира

Империјата го возвраќа ударот

Империјата го возвраќа ударот

„Слугата на народот“ ќе ја освојува Украина

„Слугата на народот“ ќе ја освојува Украина

Бугарски турист

Бугарски турист

Главни карактеристики на Европскиот модел на земјоделството

Главни карактеристики на Европскиот модел на земјоделството

Мајтапчиите, Заев и Зеленски

Мајтапчиите, Заев и Зеленски

Доцна стигна Вучиќ, на Косово поле

Доцна стигна Вучиќ, на Косово поле