18 Мај, 2024
0.0286

Нови ознаки на горивата во ЕУ

Објавено во: Економија, Мои пари 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Од 12 октомври 2018 година сите земји членки на Европската унија, ЕЕА земјите (Исланд, Лихтенштајн и Норвешка), Србија, Турција и нашата држава ќе треба да применуваат нов заеднички и хармонизиран сет на ознаки за горива на сите ново произведени возила и бензински станици на кои се продава бензин, дизел, хидроген, компресиран природен гас, течен природен гас или течен нафтен гас.

Новите ознаки треба да бидат поставени на сите пумпи, како и во близина на отворот на резервоарот за гориво на сите нови патнички возила, мотоцикли, лесни и тешки комерцијални возила и автобуси.

Целта на новите ознаки е задоволување на потребата од  јасни и стандардизирани информации за компатибилноста на горивата кои се продаваат на бензинските станици. Во документот на ЕК се наведува се поголемата понуда на горива на пазарот и различните ознаки на нив може да доведе до збунување на корисниците, особено на оние кои патуваат низ повеќе земји членки.

Директивата 2014/94/EU, која што се однесува на развојот на инфраструктура на алтернативни горива, предвидува подигнување на нивото на информации кои се достапни на корисниците со цел да го изберат најдоброто гориво за нивното возило.

Новите етикети се поделени во три групи, секоја со различна форма за полесно препознавање. Така бензините ќе бидат означени со буквата E ставена во круг, дизел горивата со буквата B ставена во квадрат и гасоводните горива ќе бидат испишани во дијамант форма. Информацијата внатре во специфичните форми ќе го означува максималниот процент на биогориво во секое од горивата, кое е препорачано од производителите на возила.

Бензински горива – круг со Е5, Е10 и т.н. каде Е стои за специфичната био-комнонента (етанол) содржана во бензинот


Дизел горива – квадрат со Б7, Б10, ХТЛ и т.н. каде Б стои за специфичната био-дизел компонента што треба да биде содржана во дизел горивата, додека ХТЛ стои за синтетички дизел и значи дека не добиен од сурова нафта.


Гасовидни горива – дијамант со ЦНГ, ЛНГ, ЛПГ и хидроген 


Со директива од 2019 година се предвидува и стандардизирана ознака за полначи на електрични возила. Ознаките треба да помогнат корисниците полесно да ја препознаваат компатибилноста на поставените и достапни полначи со нивните возила. Ознаката е лесно препознатлива бел или црн шестоаголник со буквата Ц.


Новите ознаки немаат за цел да ги заменат постоечките стандарди за безбедност и квалитет на горива, туку едноставно да го олеснат пристапот до потребните информации на возачите за компатибилноста на горивата и моторот на нивното возило.

Макпетрол веќе го применува овој заеднички и хармонизиран сет на ознаки за горивата на своите бензински станици.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра