27 Април, 2024
0.0263

Нови парфеми AVON Luminata и SEGNO: блескава харизма и нова енергија за Неа и Него

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Првите денови од есента се во знакот на двата мирисни новитети од AVON, креираниво соработка со светски познати парфимеристи. Со нагласена синергија и креативност, тие ги создадоа впечатливите и софистицирани мириси за Неа и за Него – Luminata и Segno. Овие два парфеми, токму како и нотите кои ги содржат во себе, се истовремено суптилни и неверојатно харизматични, исто како жената и мажот кои се инспирација за нивното создавање.

Новите Luminata и Segno се совршен избор за оние кои знаат дека вистинската убавина и харизма доаѓаат одвнатре - совршен избор за жената која само со една насмевка може да го осветли светот и за мажот кој знае дека не мора да биде гласен за да биде вистински лидер.

Создаден од нотите на кристално белиот божур, раскошната ванила и деликатната малина, парфемот Luminata е наменет за девојките и жените чија внатрешна убавина сјае како кристал. Овој неверојатен мирис е создаден од “Оскаровецот на парфемите” Морис Русел, добитник на многубројни награди во Индустријата со парфеми, вклучувајќи ја наградата Prix François Coty во 2002, признание од американската и француската FiFi награда како и француската награда "Oscar des Parfums".

Малку работи во светот се убави како чистиот, сјаен кристал, а една од нив е насмевката на жената. Luminata е тука за да ја истакне внатрешната убавина и уникатност на секоја жена и да и’ помогне да заблеска во сиот свој сјај.

За НЕГО пак, AVON го создаде Segno – извонреден, долготраен и софистициран парфем кој во својата основа го носи силниот ветивер. Аромата на цветот на медоносната грмушка од Тасманија зрачи со длабочина и топлина, што гарантира долготрајност на мирисот. Парфемот е дело на Ив Касар, парфимерист кој работи за многу познати светски модни куќи, кој создаде парфем за мажи кој го редефинира поимот лидер. Новиот лидер влијае врз другите, наместо да ги контролира. Инспирира наместо да наредува. Во минатото, луѓето ги следеле лидерите и оделе зад нив. Новиот лидер знае дека заедно сме посилни. Создавањето врска е неговата мисија. Така тој ги инспирира другите и затоа е почитуван. AVON Segno e белегот на новиот лидер.

Luminata и Segno се веќе достапни преку претставничката мрежа на AVON, со примамлива премиерна цена од 1.190 денари.

Можеби ќе ве интересира

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“