04 Мај, 2024
0.0343

Нови правила за невработените, се одвојуваат оние кои активно барале работа

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика работи на измени на Законот за евиденциите од областа на трудот, со што невработените кои активно бараат работа че бидат издвоени од останатите кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување. „Со донесените измени се воспоставуваат две евиденции. Евиденција на невработени лица кои активно бараат работа и евиденција на други лица што бараат работа. Ова се прави со цел да се даде поголем акцент и внимание на невработените лица кои активно бараат работа, со идентификување на нивните потреби соодветно на нивните знаења и вештини преку подготовка на индивидуален план за вработување, што ќе го подготвува Агенцијата за вработување“, изјави министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Во постапка на донесување на Посебен правилник со кој поконкретно се регулираат прашањата за видовите на евиденциите  на невработените, како и содржината и начинот на воспоставувањето и водењето на регистрите, соопшти министерот и додаде дека сепак ниту едно невработено лице нема да биде избришано и да ги изгуби правата стекнати по основ на невработеност. Новиот начин на едиденција на невработените ќе почне да се применуваат од 23 декември годинава, со што ќе почне и обврската за пререгистрирање на евидентираните лица согласно со новите видови евиденција. „При пријавувањето во Агенцијата за вработување во рамките на рокот утврден со закон лицата ќе пополнуваат посебен образец во кој се наведени основните податоци и барање на невработните лице во врска со барањето на работата. Граѓаните треба да се произнесат во која евиденција сакаат да бидат евидентирани, а соодветно на тоа ќе се подготви посебен индивидуален план за вработување“, изјави Министерот.  

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски