Нови студенти денес ја започнуваат програмата за практиканти во ОКТА
Објавено во: Мои пари 03 Април, 2017 15:10
Нови група студенти станаа дел од програмата за практиканти на ОКТА. Програмата ќе трае 3 месеци, период во кој студентите ќе бидат континуирано присутни во работниот процес на ОКТА, со полно работно времеи под надзор на ментор.

Компанијата веќе неколку години ја спроведува програмата за практиканти со цел да им помогне на младите студенти да се подготват за својата понатамошна професионална кариера, а со тоа да станат конкурентни на пазарот на трудот.
Кандидатите, кои се завршна година од додипломските студии или студенти од магистерски студии, доаѓаат од седум факултети кои се блиски до оперативните процеси и дејноста на компанијата. Дел од оваа соработка се повеќе факултети меѓу кои Економскиот, Правниот, Електротехничкиот, Технолошкиот, Природно математичкиот во отсекот хемија, Градежниот факултет и Машински факултет од Универзитетот Свети Кирил и Методиј.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




