19 Мај, 2024
0.0299

Нови студенти – стипендисти на ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Нови стипендии добија 14 новозапишани студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии од електроенергетските компании АД ЕЛЕМ, ЕВН Македонија АД и АД МЕПСО.

„Традицијата на стипендирање на најдобрите млади студенти од електроенергетските компании продолжува и со тоа покажува дека овој проект има многу позитивни ефекти. Стипендистите посетуваат практикантска работа и се потенцијални кандидати за вработување во компаниите, иако некои стипендисти од првите генерации, веќе се работно ангажирани во нив. Со ова на студентите им се олеснува студирањето, односно се елиминира нивната грижа за финансии и останува да се посветат само на учењето“, вели Миле Станковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Трите енергетски компании поделија 14 стипендии за редовно запишани студенти во прва година во академската учебна 2014/2015 година. Студентите се запишани на студиските програми Електроенергетика, автоматизација и обновиливи извори на енергија, Електроенергетски системи и Електроенергетика, управување и менаџмент. Стипендистите првиот семестар од студирањето го завршија со висок просек, а стипендиите се во висина од 6000 денари месечно.

Досега, во изминативе години, преку овој проект, се поддржани 42 студенти.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО