Добивај вести на Viber
Тодоров најави нови вработувања на специјалисти и друг медицински кадар со што ќе се комплетираат одделенијата на Општа болница во Кочани. Министерот за здравство во Општата болница во Кочани ги предаде во употреба реконструираните парни котли и горичници за парно греење, инвестиција на Министерството за здравство во износ од 6,5 милиони денари.
- Завршена е сертификацијата на Општата болоница во Кочани, вработени се двајца специјалисти, еден пнеуматолог и еден биохемичар, со што се создадени услови за отворање на одделенитео за АТД и Рентгенот кои повеќе од пет години не работеа, рече Тодоров.
Министерот за здравство рече дека за бањата во кочанското село Бање пропаднал првиот оглас и дека е во тек распишување на нов. Во меѓувреме се води спорот за приватизација на земјишетето и кога ќе биде завршен тој процес ќе бидат јасни работите со геотермалната бања во село Бање, Кочанско.