17 Мај, 2024
0.0286

Новинар обвинет за даночно затајување, Латас на обвинителна клупа

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Даночно затајување е делото за кое денеска во Кривичниот суд ќе почне судењето за новинарот Драган Павловиќ Латас. Во случајот познат како „Тотал“ освен Латас под истрага се и три фирми во кои тој бил или управител или сопственик.

Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство Драган Павловиќ во период од осум години давал лажни податоци во книговодствената евиденција на фирмите со цел да одбегне плаќање на данок.

Тој е обвинет дека со лажирање на книговодствената евиденција на фирмите Тотал Маркетинг Агенција, Тотал Маркетинг, Медиамакс и Тотал Медиа Центар  ДООЕЛ Скопје избегнал да плати данок на државата во износ од 164 илјади евра.

Се работи за даночно затајување во периодот од 2008 до 2015 година. Латас како управител на овие фирми, ја намалил основицата за пресметување данок на добивка, го злоупотребил правото на одбивка на ДДВ и не пријавил лични приходи, кои задолжително се пријавуваат согласно Законот за персонален данок од доход.

Правните лица биле користени како параван и всушност набавката на опрема и услуги, Латас ги евидентирал како набавка за фирмите, иако три од нив воопшто немале вработени за вршење на дејноста и за користење на опремата која ја набавувал. Таквите средства во книговодството ги евидентирал како основни средства, опрема, тековни трошоци, со што ја намалил основицата за пресметување на данокот на добивка“.

Обвинетиот како управител преку фирмите вршел набавки меѓу другото на: два душека „Меџик тач“ во вредност од 3.080 евра, рачен часовник „Брајтлинг“ 2.341 евра, персиски теписи во вредност од 4.635 евра, и други скапи предмети.

Во обвинението може да се прочита и за други набавки кои Латас ги вршел преку фирмите. Преградни ѕидови, монтажа на опрема за канализација за Зелениково, фотоапарати, панцир церада, штрафови и вентили, лепак, песок и цемент, гуми за приватно возило, плакари, кожни ташни, саниратии за купатила, сим картички, ногарки и гардеробер, софтвер менаџмент, мобилни телефони, рисивер денон, синема дисплеј ејпл, телевизор и др.

Павловиќ подолго време не се појавува во јавноста. Тој целосно се повлече од телевизиските екрани и може само да се забележи од време на време кога е повикан во СЈО да даде исказ.

Латас освен во случајот „Тотал“ е обвинет и во предметотТревник“ за бесправно градење на луксузни куќи во општина Зелениково, а во другиот случај се товари за даночно затајување.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање