Новинари од „The Wall Street Journal“ цензурирани поради Трамп
Објавено во: Свет 24 Август, 2017
Главниот и одговорен уредник на The Wall Street Journal, Џерард Бејкер, ги повика новинарите да се воздржат од критики на американскиот претседател Доналд Трамп. Ова го пишува Њујорк тајмс.
Овие акции не им се допаднале на уредниците, кои ја истакнуваат "проблематичната" интерпретација на неговите зборови и искажувања за време на митингот во Феникс.
Во електронските писма со кои The New York Times располага, главниот уредник Бејкер пишува до колегите: „Извинете, но ова е коментар, претставен како репортажа. Зарем не можеме само да кажеме што рекол претседателот, да не ја спакуваме содржината во толкувањата и арбитрарната критика?“ При споредба на двата материјали - пред и по интервенцијата на главниот уредник, исчезнал целиот фрагмент во кој се правело споредба помеѓу изјавата во Феникс и претходните негови говори. Исчезнала и дефиницијата дека Трамп се враќа на „стилот од предизборната кампања“. Портпаролот на The Wall Street Journal изјави дека изданието има строга политика за разликување на покриеноста на информациите.