НОВИНАРОТ САЛИУ НЕ Е ПРОТИВ ПОМОШТА ЗА ФК ВАРДАР, АМА СЕПАК РЕАГИРА: Зошто да не се помогне на Шкупи?
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2023
Новинарот Фуркан Салиу, на својот Фејсбук профил реагираше за помошта која град Скопје ја одреди за ФК Вардар.
„ И да го видам некој да ми пишува за неплаќање на струја или даноци...
Не сум против да се помогне #Вардар, но каде е одговорноста кај тие што го користеа клубот за подигање на национализмот и создавање на меѓуетничка омраза кога им требаше глас повеќе?
Кај се тие што го оставија Вардар до гуша во долгови си ги собраа милионите и избегаа за Москва и Будимпешта?
Зошто да не се помогне ба пример Работнички, клуб кој во последниве години произведува квалитетни фудбалери кои играат во најјаките европски лиги?
Зошто да не се помогне Шкупи кој е што е единствен клуб од главниот град кој ќе игра второ коло во квалификациите во европските натпреварувања?
До кога нашите даноци ќе ги крадат анти-спортисти и бизнисмени кои што клубовите ги гледаат само како фирми а не како важен дел од нашето општество кои мора да опстојат ако сакаме здрава младина.
Цела држава се крена на нозе за Аудито на Мерко, е па дечки со 250 000 можат да се купат 3 аудиња со фул опрема“, напиша тој на Фејсбук.
ФОТО:Фејсбук