Новиот в.д Реис вели дека коронавирусот е жив: Короната се шири бргу во Македонија
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2020
Новиот б.д. поглавар на Исламската верска заедница, Шаќир Ефенди Фетаху, на денешната прес-конференција ги повика исламските верници да ги слушаат здравствените авторитети и дека епидемијата од корона-вирусот постои. Ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките.
-Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите „страв не, но голема свест против оваа болест да“. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова, рече Фетаху.
Се уште нема одговор зошто бил разрешен Сулејман Реџепи. Вршителот на должноста претседател на Исламската верска заедница на Северна Македонија не даде конретен одговор која е причината поради која претходниот поглавар повеќе не е на чело на ИВЗ.
„Ние сме во фаза на административна анализа, финансиска анализа, анализа на организација на религиозниот живот и во моментов не сме оние што можат да зборуваат без аргументи. Ние ќе бидеме страна со аргументи, а не страна за улични и клеветнички разговори “, рече Фетаху.
Вршителот на должноста директор на Реис исто така вети транспарентност пред јавноста за работата на ИВЗ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.