18 Јануари, 2025
0.0249

Ново име и лого за „Кјуби Македонија“

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Се ребрендира домашната компанија„Осигурување Кјуби Македонија" (QBE Македонија). Новото име на компанијата - лидер на македонскиот осигурителен пазар е  „Осигурување Македонија - Виена Иншуренс Груп".
Ова е направено поради тоа што беше купена, со аквизицијата вредна 21,6 милиони евра,  од „Виена Иншуренс Груп"(Vienna Insurance Group (VIG), групацијата која е нов сопственик на додегашната Кјуби Македонија. Покрај новото име се менува и логото. Тоа, според претставниците на компанијата ќе биде спој на две те главни вредности- долгогодишното искуство и познавањето на осигурувањето од македонскиот бренд од една страна и динамичноста и со меѓународното искуство и знаење на „Виена Иншуренс Груп" од друга страна. „Убеден сум дека промените во компанијата ќе придонесат за понатамошен одржлив развој на „Осигурување Македонија“. Нашите клиенти можат да се потпрат на цврст осигурувач што поседува докажана стабилност, финансиска безбедност и професионална стручност низ својата долга историја. Засилени од професионалниот капацитет на „Виена иншуренс груп" ние ќе продолжиме во таа насока", вели Бошко Андов, генерален менаџер на компанијата во денешното соопштение до медиумите. Според него, клиентите и понатаму ќе можат да се потпрат на цврст осигурувач сега засилен и од професионалниот капацитет на „Виена иншуренс груп“ . Досегашната „Кјуби Македонија“ работи веќе 68 години, а основана е во 1945 година како Државен осигурителен завод.  

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение