Ново во ОНЕ постпејд: Роаминг пакети за опуштени разговори во три балкански држави
Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2015 19:39
Од денес, 20 јули, ОНЕ воведува нови роаминг пакети за опуштени разговори во три балкански држави. Имено, сите ОНЕ постпејд корисници, веќе од денес ќе можат да ги користат придобивките на двата нови роаминг пакети за разговори во: Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Пакетите содржат 30 односно 60 минути кои можат да бидат искористени за појдовни повици кон Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина но и за дојдовни повици во наведените држави.
- Роаминг пакетот со 30 минути е достапен по цена од 299 денари (со вклучен ДДВ) и
- Роаминг пакетот со 60 минути е достапен по цена од 499 денари (со вклучен ДДВ)
Корисниците можат да ги активираат пакетите со повик или испраќање на СМС порака кон бројот 181 со следнатаа содржина:
- BALKAN 30 START (за роаминг пакет со 30 мин) и
- BALKAN 60 START (за роаминг пакет со 60 мин)
Дополнителна придобивка на пакетите е тоа што корисникот може во исто време да ги активира и двата пакети или истиот роаминг пакет во ист месец повеќе од еднаш. Пакетите се достапни за корисниците на сите ОНЕ мобилни постпејд тарифни планови, а истите се месечни и важат 30 дена од месецот на активација
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




