НОВО ЖАРИШТЕ: Вирусот „коси“ во Бразил
Објавено во: Свет 21 Мај, 2020
Состојбата со коронавирусот е страшна во Бразил.
Вирусот сее смрт во оваа земја.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека за само еден ден, скоро 20.000 луѓе се разболеле во таа земја, а 888 лица починале.
Заболени се 291.579, а бројот на починати е 18.559 луѓе.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го критикуваат за неговиот одговор на епидемијата на вируси.
Одобрена е употребата на хлорокин, лек против маларија, кој неговиот американски колега Доналд Трамп го промовираше како терапија за вирусот.
Бразил стана новото светско жариште на коронавирусот.
СЗО веќе ја прогласи цела Латинска Америка за ново жариште на пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.