06 Октомври, 2024
0.0261

Новото БМВ: Зошто петтата серија е омилена кај македонската бизнис класа?

Објавено во: Мои пари 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Како што и напишавме минатиот месец ФАКТОР беше екслузивен гостин на светскиот производител број1 на возила од високота класа БМВ. Со подршка на локалниот ексклузивен дилер на БМВ МАККАР Скопје, Фактор присуствуваше во Гархинг на светска промоција на новата серија 5 Gran Turismo како и на редизајнот на стандардната лимузина на серијата  5 БМВ. Инаку самиот факт дека старата ГТ класа од серија 5 е продадена во малку примероци во нашата земја, за разлика од стандардната верзија на Серија 5 која е лидер во сегментот на луксузни лимузини, ни даде потик да видиме што направиле стручните лица на БМВ за лимузината  за која мислењата беа поделени во врска со дизајнот кој е микс на караван и седан купе. Имавме прилика да се увериме зошто токму новата БМВ Серија 5 е омилена кај македонската бизнис класа, и секако лидер во премиум сегментот. Со фејслифтингот кој е направен на стандардната верзија и секако комплетно новата ГТ верзија, промените се воочливи не само на дизајнот, туку пред се во возните својства и новите мотори кои се во понуда . Нашиот впечаток од прв поглед е дека сепак не се ризикувало премногу и е направен е еден суптилен фејслифтинг, каде сеуште доминира спортскиот дух на кого му е дадена една нота на сериозност и луксуз. Палетата на мотори на BMW Серија 5 Gran Turismo е составен од три дизел мотори во распон од 184-313 кс, два бензински мотори од 306 до максимум од 450 КС за V8 мотор. Она што е факт е дека БМВ активно се грижи за екологијата и  сите варијанти на мотор ги исполнуваат барањата на Euro 6 емисиите , инаку стандард кој е задолжителен од септември 2014 година. Сите дизел мотори стандардно се опремени со т.н. сина ефикасноста технологија за да се намали емисијата на азот оксид. БМВ сериски истотака вградува најсовремени системи за асистенција, безбедност и помош: новина е комплетниот БМВ Night Vision со препознавање на  пешаци и животни, а од ноември 2013 година и како опција систем за сообраќаен метеж што ги одржува автомобилите на патот на безбедно растојание, го регулира растојанието до возилото напред и секако сопирачките. Со новиот мотор во понуда 518d верзија, кој се очекува да има и прифатлива цена, мислиме дека ке се пројави интерес пред се кај македонските компании кои имаат fleet management. На полудневното возење во околината на Минхен се уверивме во возните својства на моделот 530d, која има 254коњски снаги и шест-цилиндричен дизел мотор. Првото нешто што секако ке го воочите при возење на оваа лизумина на различни теренски услови е дека нејзината аеродинамиката е доста подобрена. BMW  нуди верзии опремени опционално со Променлива контрола на амортизерите (VDC), каде постојат неколку мода SPORT, SPORT +, Komfort, Komfortr + и ECO mode. Целокупниот сетинг на автомобилот се менува со промена на режимот на подвозјето, од начинот на менување на брзините, до педалата за гас-нејзината реакција и секако амортизацијата. Искрено при тестирањето највозбудени бевме при сетинг во Спорт режим,  каде Серија 5 се вози како болид, додека изборот модот Комфорт или пак Комфорт Плус ја омекнува суспензија онолку доволно за да се направи комромис помеѓу спотскиот дух и удобност. ЕКО модот мислам дека нема да биде прифатен од македонските возачи , кои сепак не се свесни до толку за грижа на околината и емисијата на ЦО2 која кај овој модел е подобрена и изнесува само 134/г на км. Сепак оваа опција дополнително се наплатува. При тестирањето иако денот беше доста променлив и времето постојано се менуваше, од силен ветер преку дожд и сонце, сепак се чуствуваме одлично изолирани и сигурно во кабината на оваа германска лимузина. Внатрешните промени не се толку евидентни во однос на претходнот модел, нагласен е квалитетот и луксузноста на вградените материјалите, со воведување на повеќе технологии. Со еден збор покрај одличните седишта, Вие сте опкружени од мноштво уреди кои се грижат да се чуствувате како сопственик на БМВ – баш престижно. Посебен впечаток остава новиот начин на отварање на багажниот простор, каде сега е доволно само да замавнете со нога под вашиот автомобил и отворањето изатворањето  е целосно автоматски. Како што ни појаснија на самата презентација сите модели се опремени со БМВ iDrive систем, кој е контролиран преку ротационо копче за бирање сместено на централната конзола. кое може да се користи за внесување букви, бројки, брзо да се движите низ различни менија на екранот, кој  со контрола на гласот можете да го користите да диктирате текст и пораки и секако да ги контролирате клима уредот, озвучувањето и навигацијата. Како опција за прв пат за купувачите на новата серија 5 им се нуди во некои земји и БМВ Консержие сервис кој се грижи 24часа купувачите на БМВ да бидат задоволни, и сите нивни потреби за резервации на хотели, авионски карти, патувања, па дури и посети на кино или театар да бидат направени од страна на БМВ. Едноставно кралски. Со воведување на новите модели интересот на купувачот за оваа серија на македонскиот пазар ке биде зголемен, според нашето мислење посебно за моделот 518 и 520 Д, кои во однос на конкурентите Ауди А6 и Мерцедес Е Класа се доста поприфатливи. Навистина константното зголемување на продажните бројки ја запечатија позицијата како глобален лидер на СЕРИЈАТА 5 во својата класа. Со продадени преку милион возила од серијата БМВ 5 Седан, БМВ 5 Туринг и БМВ 5 GT од претставувањето на тековната генерација–БМВ Серија 5 заслужено го носи приматот на уникатен статус во својата класа поради луксузниот карактер. Сега се отвара ново поглавје со претставувањето и продолжувањето на импресивната успешна приказна. Прецизни модификации во дизајнот на серија 5, нови модели на мотори и иновативни додатоци на достапните нивоа на опрема, како и БМВ ConnectedDrive технологијатаго потикнуваат барањето на Серијата 5 на БМВ фамилијата возила кон едно ново повисоко ниво на престижност За поголемо уживање екслузивно погледнето го видеото од претставувањето на новата Серија 5 на БМВ Зa Фактор ексклузивно од Минхен , Република Германија Александар Манев

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми