Нудат бесплатен оброк за сиромашни, но има еден услов
Објавено во: Стил 30 Ноември, 2018 17:25
Ресторан во Јапонија нуди бесплатна храна за сиромашните.
Ресторанот „Мираи Шокудо“ во Токио нуди бесплатен оброк за сиромашните граѓани кои не можат да платат оброк во ресторанот. Сопственичката Секаи Кобајаши им нуди оброк на луѓе кои не можат да го платат, а за возврат тие работат 50 минути во ресторанот. Така, вели дека се поврзува со гладните.
Досега во ресторанот работеле околу 500 луѓе кои по педесет минути работа добивале купон за оброк. Просечниот оброк во ресторанот чини околу 7 евра.
Но, тие не се први со оваа идеја.
Слична услуга нуди и ресторанот „ Ѓоза Не Ошо“ во Кјото, кој им нуди оброци на студентите во замена за миење садови во кујната.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





