OAЗА НА СТАБИЛНОСТ: Сакаат доселеници
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2018
Како земја и економија веќе 27 години не знаат за рецесија.
Австралија може да биде пример за другите, дури и за најмоќните економии на светот, пишува Економист во серија од текстови, пренесува bizlife.
Прашувајќи што е тајната на австралискиот успех, Економист ја споменува имиграционата политика.
Се додава дека годишно на најмалиот континент се доселуваат по 190.000 луѓе.
Австралија годишно има три пати поголем прилив од САД.
Има масовна поддршка за доселување.
Јавниот долг е 41% од БДП и е еден од најниските меѓу богатите земји.
Реформи пред 30 години се направени во пензискиот систем и здравственото осигурување. Граѓаните мора да гласаат на избори што ги тераа партиите да се докажуваат пред колебливите гласачи. За 30 години економијата на Австралија растела три пати повеќе од германската.
фото bizlife