OАЗА ЗА ИНВЕСТИТОРИ: Имаат помалку од 10.000 жители, а 7.400 работат во економска зона
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2019
Два града на северот од Хрватска го создадоа најголемиот конглометар за странски инвестиции во државата, пишува Пословни.хр.
Прелог и Лудбрег се наоѓаат на 15 км оддалеченост, имаат помалку од 10.000 жители, а од нив 7.400 работат во економска зона.
Во Лудбрег наскоро ќе влезе швајцарско - американски инвеститор, Variosystems AG.
Го избрале ова место затоа што има квалитетни работници, а луѓето пак сакаат квалитетни работни места.
Претставници на електронските компании André Bättig, Helmut Schaljo и Georgios Hiokturidis го избрале Лудбрег за ширење на работата, и во првата фаза ќе реализираат стотина работни места, а исто толку и во втората, за што е распишан конкурс.
фото Пословни.хр