Обединетото Кралство со поддршка за Северна Македонија
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019
Обединетото Кралство целосно ја поддржува Северна Македонија. Во согласност со вредностите на НАТО и ЕУ, целосно го заслужуваме своето место во евроатлантските демократски сојузи.
Ова било кажано на средбата меѓу премиероте на двете држави, Зоран Заев и Борис Џонсон, што се одржа во Лондон, на маргините на Самитот на НАТО.
„Немаме алтернатива за овие процеси. Во изминатите две години бевме фокусирана на исполнување на сите неопходни услови, за да покажеме дека нашата земја е подготвена за полноправно членство во НАТО и ЕУ“, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.
Тој додава дека со премиерот Џонсон ја истакнале и определбата за долгорочно зајакнување на односите меѓу двете држави, како потврда за меѓусебното блиско пријателство и взаемна поддршка, сега и во рамки на сојузништвото во Алијансата.