Облакодерот им тоне секоја година, градот ќе ги тужи
Објавено во: Економија, Свет 22 Септември, 2016
Градот Сан Франциско ќе поднесе тужба против инвеститорите на Милениумска кула бидејќи е откриено дека таа тоне и за една година пропаднала цели 30 сантимери.
Градскиот јавен обвинител Денис Херера им испрати покана за суд на инвеститорите кои пак, преку нивниот портпарол Пи Џеј Џонсон посочија дека и без тоа ги направиле сите неопходни мерки за обезбедување на локацијата и известување на асоцијацијата на сопственици на домови и канцеларии.
Милениум инвеститорите тврдат дека кулата ги поминала сите сеизмолошки и статички тестови и дека без оглед што тоне е безбедна. Обвинителот Херера смета дека сопствениците на имот во кулата мора да знаат за тонењето на земјиштето кое било откриено пред две години.