(ОБНОВЕНО) Полицијата во Малта бара Србин кој избоде Македонец
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2019
Полицијата во Малта започна масовна потрага по Србин кој со нож избоде Македонец.
Нападот се случил во северниот дел од земјата во градот Бугиба. Прободениот маж е 58 годишен Македонец и тој се наоѓа во критична состојба.
Малтешката полиција трага по сторителот. Случајот безбедносните власти во Малта го третираат како обид за убиство, пишуваат медиумите.
Полицијата во Малта побараа од секој кој има било какви информации за напаѓачот да контактира со најблиската полициска станица.
Претходно беше објавено дека во крвавата пресметка еден е повреден.