Обвинение за екс-директорот кој вработил службеничка за протести
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2019
Јавното обвинителство отвори обвинение против Андреја поповски, поранешниот директор на Централниот регистар, кој вработил службеничка која наместо на работа требало да оди на протести. За злоупотреба на службената положба и овластување, обвинети се уште тројца вработени за помагање.
– Првообвинетиот кој бил директор на Централниот регистар во периодот од 16 декември 2014 година до 29 мај 2017 година, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа, иако таа цело време воопшто не доаѓала на работа, туку била ангажирана за партиски активности на една политичка партија. Со тоа, на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, соопшти ОЈО.
За вработената била исплатена вклупно плата од 824.837 денари у придонеси од 344.283 денари, иако не доаѓала на работното место и не ги узвршувала работните задачи.
На првообвинетиот во текот на кривичната постапка му е определена мерка претпазливост како и гаранција за надомест на штетата.