16 Јуни, 2024
0.0299

ОБВИНИТЕЛОТ ЈОВЕСКИ ЛИЧНО ДО ГРКОВСКА: Наместо за небитни дебати, парите може да се наменат за поефикасна борба против корупцијата

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги оценува како неосновани, паушални и неточни личните оценки во однос на неговата и на работата на Јавното обвинителство, изнесени „Топ тема“ на Телма од страна на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

-Во јавниот настап, во кој таа учествуваше како носител на јавна функција од извршната власт, некои од искажувањата, навидум лични, значат директно мешање во работата на Јавното обвинителство и ја загрозуваат неговата самостојност. Политиката на добро владеење во основа треба да ја почитува поделбата на власта и владеењето на правото. Освен тоа, во јавниот настап, не беше изнесен ниту еден релевантен аргумент за поткрепа на ваквите лични проценки. Упатно и полезно ќе биде доколку заменик претседателката, пред да изнесува лични оценки за работата, го посети Јавното обвинителство и се запознае со реалните состојби и со предизвиците во борбата со криминалот. Нагласувам дека во последниот извештај за напредокот на земјава, Европската комисија не упатува критики на сметка на функционирањето на Јавното обвинителство, туку напротив оценува дека „постои умерен напредок во борбата против корупцијата“, што е впрочем соодветно на целокупната оценка за подготвеноста на повеќето институции во земјава за исполнување на европските критериуми. „Република Северна Македонија продолжува да напредува во истрагата, гонењето и судењето во предметите на корупција, вклучително и предметите на корупција на високо ниво“, стои во извештајот на Комисијата. Притоа, и таму се истакнува дека е неопходно во иднина да се зголемат ресурсите кои се доделуваат на Јавното обвинителство и особено „да се издвојуваат доволни ресурси за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вклучувајќи и финансиски експерти, со цел да се осигури ефективна одговорност за предметите на корупција на високо ниво“, вели обвинителот Јовески во писмената реакција.

Понатаму, додава тој, тврдењата на вицепремиерката дека веќе се обезбедени сите услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата не соодветствуваат на реалната состојба.

-Имено, иако со Законот за јавното обвинителство е предвидено висината на средствата за работа на Јавното обвинителство да изнесува најмалку 0,4% од Буџетот на Република Северна Македонија за тековната година, таа законска обврска за издвојување буџетски средства не е ниту еднаш исполнета. И покрај укажувањата за ваквите состојби, секоја година Јавното обвинителство добива едвај околу половина од буџетот кој го побарува и кој е неопходен за функционирање и за исполнување на задачите предвидени во Законот за кривична постапка. Буџетот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е зголемен во однос на претходните години, но и тој е далеку од реалните потреби. Можеби и мое лично мислење е дека ќе биде подобро и поцелисходно доколку издвоените финансиски средства за функционирање на Кабинетот задолжен за политики за добро владеење се искористат за поефикасна борба против корупцијата, наместо да се трошат за дебати и конференции со занемарлив ефект, но како носител на функцијата Јавен обвинител немам право јавно да ја промовирам оваа лична теза, бидејќи Владата сметала дека е потребно вакво тело, посочува јавниот обвинител.

Во дописот вели дека повеќе пати барал и инсистирал сите политички и други чинители да ги тргнат рацете од обвинителството.

Како Јавен обвинител, но и во името на другите јавни обвинители, укажувам дека нема да прифатиме улога на ученици во која некој ќе ни кажува кој треба и по кој член да одговара, ниту пак да кажува кој, каде и како треба да биде избран. За ова постојат прописи. Очекувам во иднина, заменик претседателката на Влада, соодветно на функцијата која ја извршува, да покаже достојна почит спрема работата на обвинителите за кои паушално оценува дека се луѓе без интегритет кои се плашат дури и да гласаат. Апелирам до сите политичари да се воздржуваат од лични оценки донесени без реални и аргументирани основи и без познавање на состојбите во Јавното обвинителство.​


Можеби ќе ве интересира

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива

ОСТАНУВА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА НА КАВАДАРЦИ - најпопуларниот градоначалник Јанчев нема да оди на министерска позиција

ОСТАНУВА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА НА КАВАДАРЦИ - најпопуларниот градоначалник Јанчев нема да оди на министерска позиција

ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ - еве што предвидуваат синоптичарите

ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ - еве што предвидуваат синоптичарите

ПРЕГАЗИЛ ВЕЛОСИПЕДИСТ НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ И ИЗБЕГАЛ - не се знае дали е фатен возачот на аудито

ПРЕГАЗИЛ ВЕЛОСИПЕДИСТ НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ И ИЗБЕГАЛ - не се знае дали е фатен возачот на аудито

ЛУЃЕТО НИ КАЖУВААТ ДЕКА ИМАЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО СДСМ - Венко Филипче кажа кои биле досега слабостите на партијата

ЛУЃЕТО НИ КАЖУВААТ ДЕКА ИМАЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО СДСМ - Венко Филипче кажа кои биле досега слабостите на партијата

БАНКАТА НЕ СЕ ЗНАЕ, АМА СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПАРИ УКРАЛ - фатен разбојникот кој со пиштол им се заканувал на двајца вработени

БАНКАТА НЕ СЕ ЗНАЕ, АМА СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ПАРИ УКРАЛ - фатен разбојникот кој со пиштол им се заканувал на двајца вработени

ПРЕД ДА ГО УБИЕ СО ОСТАР НОЖ НЕГО И НЕГОВИОТ ТАТКО, ТОЈ ЈА ТЕПАЛ И ДАВЕЛ - Обвинителството со детали за двојното убиство во Кратово

ПРЕД ДА ГО УБИЕ СО ОСТАР НОЖ НЕГО И НЕГОВИОТ ТАТКО, ТОЈ ЈА ТЕПАЛ И ДАВЕЛ - Обвинителството со детали за двојното убиство во Кратово

ЈАНКУЛОСКА ИСКРЕНО: Мијалков никогаш не ми се извинил, незаконското прислушување ми го сврте животот наопаку

ЈАНКУЛОСКА ИСКРЕНО: Мијалков никогаш не ми се извинил, незаконското прислушување ми го сврте животот наопаку