Обвинителство; Нема кривично дело кај Нина Ангеловска
Објавено во: Македонија 16 Август, 2020
Основното јавно обвинителство нема да поведе постапка против министерката за финансии Нина Ангеловска, која опозицијата ја обвинува дека ја злоупотребила функцијата за сознание дека на Еуростандард банка му се подготвува одземање на лиценцата по што таа си го повлекла депозитот од таму.
- Во Обвинителството се се постапува доколку само има кривични дела, а овде нема елементи на кривично дело, затоа што тоа се пари за сопственикот, гласи одговорот од ОЈО за ТВ24.
Вчера поранешниот гувернер Петар Гошев и своевремениот советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ нагласија дека Ангеловска постапила неетички доколку имала сознание и го повлекла депозитот непосредно пред одземањето на лиценцата за работа на Еуростандард.