25 Април, 2024
0.0271

Оценка на диверзификацијата на економскиот ризик во земјоделството

Објавено во: Колумни 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Управувањето на ризиците во земјоделството, како и со економскиот ризик е особено важно, а особено во услови на криза. Недостаток на управување со ризикот има директно негативно влијание врз приходите на земјоделските производители и пазарната стабилност на гранката. Диверзификацијата на производството во многу случаи може да биде како добра стратегија за намалување на ризикот и да замени понекогаш потреба од осигурување.

Заедничката земјоделска политика на ЕУ има свои механизми на управување на економскиот ризик преку кој се регулираат цените на многу земјоделски производи кога тоа е потребно. Тие механизми влучуваат сеуште директни плаќања на површина и други субвенции од Програмата за развој на селски реони, шеми за национални доплаќања и за специфична поддршка.

Резултатите од функционирањето на земјоделските стопанства се последица од комплексни активности на земјоделците поврзани со управувањето на ризикот и делувањето на нормативните акти кои се однесуваат на содветниот сектор.

Во однос на земјоделското стопанство, развојот на поимот диверзификација поминува низ четири етапи. Најнапред  диверзификацијата се изразува во пренасочување на производството на стопанството од монокултура кон многукултурна структура. Во втората етапа, стопанството веќе има повеќе од едно производствто и може да произведува и продава производи во различни периоди од годината.

Во следната фаза, диверзификацијата се разбира како мешано производство на растителни и добиточни производи (Shiscksmith 1989). И на крајот, со деверзификацијата се поврзуваат дејности освен во земјоделството и дејности надвор од него. Диверзификацијата како концепција често се прифаќа како ограничување на производството на непотребни производи и зголемување на производството на тие кои недостасуваат.

Видови диверзификација.  Различните видови диверзификација на земјоделските стопанства имаат директен однос кон разнообразните генерирања на доходите. Доходите добиени од еден земјоделец можат да се определат за диверзификација ако ги имаат следните извори: 1.Земјоделските дејности кои го карактеризираат хоризонталниот тип диверзификација. Во таа категорија спаѓаат дејности кои се одвиваат во стопанавото со искористување на земјоделско земјиште и други природни ресурси. 2.Неземјоделски дејности зависни од земјоделската дејност со стопанството поврзани со вертикален тип диверзификација. Тоа настанува кога земјоделската продукција се  користи за дејност:  како селски туризам. 3. Неземјоделски дејности надвој од стопанството кои се индикатори за постоењето на таканаречената латерална диверзификација. Тоа се  сите форми на ангажираност, кои се неземјоделски и се одвиваат на  територија  надвор од стопанството. Опфаќаат широк спектар од можности – на пример: раководење, консултанска дејност, професионални или стопански активности и др.

Финансиски аспекти.  Се работи за доход кој не зависи од дополнителен труд, за негова реализација. На пример:  парите осварени од камати како резултат на штедење, дивиденда, парични надоместоци и друга државна помош, како и осигурителни земања.

Во земјоделството основни причини поради кои даден производител може да го диверзивицира или специјализира своето производство се следните. 1.Расположиви природни ресурси кои се одразуваат врз потенцијалните добивки или можности за одгледувње на определен вид животни.

2.Расположиви човечки ресурси како носители на неопходен обем на знаења и пракса за одгледување на  културни растенија и животни. 3. Системот на диверзификација на внатрешниот и надворешниот пазар покажува одредено влијаниее врз одборот за водење на мешан тип производство. 4.Можностите за пристап до пазарот го зголемува опфатот  на производните производи и ја зголемува зависноста за диверзификација.

Економски ризици. Во економската теорија постојат различни присапи за одредено дефинирање на поимот  “ризик “( Aven 2003). Во овој случај, економскиот ризик се дефинира како потенцијално отстапување помеѓу очекуваните и реалните резултати добиени како економско решение кај деверзификацијата на произвоството. Кај земјоделското производство основните економски ризици се поврзани со бизнис ризик кој го вклучува определувањето на обемот и структурата на производството, пазарната реализација и др. Најчесто под економски ризик се подразбира претпоставката да се добијат несакани отклонувања од очекуваните производни резултати. Како сеопфатен економски израз на крајните резултати од дејноста на земјоделското стопанство се користи показателот нето резултат (добивка/загуба).

За справување со економски ризик можат да се применуваат различни по својот ефект статегии и форми за управување на економскиот ризик.

Во праксата и науката се користи широк арсенал од индекси со кои се мери степенот на разновидност (диверзификација) на различни видови објекти ки припаѓаат на даден систем.

За производната диверзификација во големите земјоделски стопанства е карактеристично располагањето во нивната производна структура на многу помалку на број различни култури (2-3) и мал број различни животни.

Проф.Д-р. Борис Анакиев 

     


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок