Очекувања
Објавено во: Стил 02 Јули, 2018 08:27
Низ животот градиме секакви односи. Однос дете-родител, другарски, колегијални, партнерски (емотивни), па однос родител-дете (само што овојпат ние сме во улогата на родители). Секој однос е комплексен и комплициран. Впрочем, некогаш сами со себе не успеваме да излеземе на крај (барем јас така се чувствувам одвреме-навреме), а не па и со другите табиети, желби и очекувања. Е сега, веројатно искуството и багажот што го носиме зад себе не’ прави да сме избирливи со кого ќе јадеме и ќе седиме на маса, со кого ќе пиеме кафе и ќе муабетиме до бескрај, со кого ќе си молчиме и сепак ќе ни биде убаво, со кого ќе основаме семејство...или со кого ќе имаме некаква интимност. Како ми минуваат годините, станувам чувствителна и веројатно малку себична во однос на тоа со кои луѓе го делам своето време, а од друга страна, станувам свесна за честа која ми е укажана со тоа што некој ме уврстил во графата пријател или човек со кого сака да дели извесни сегменти од животот.
Во сите тие односи (во кои некои луѓе и не сме во можност да ги бираме, како што се тоа родителите, роднините и соработниците), учиме да сме компромисни, да си ги усогласиме табиетите, да најдеме заеднички јазик за оние работи за кои не се согласуваме и квалитетно да си го поминеме времето
Целата колумна на поетесата Ана Бунтеска, читајте ја на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





