Добивај вести на Viber
На релација Анталија-Скопје-Анталија, ова лето ќе лета една од најпрестижните светски компании „SunExpress“.
Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде одобрение за вршење чартер летови на авиокопанијата „SunExpress“ која е основана со заеднички капитал на Turkish Airlines и Lufthansa и поседува ISO сертификат 9001 и 140001.
За време на летната сезона 2013, таа ќе одржува чартер летови на релација Анталија-Скопје-Анталија почнувајќи од 31 јули до 14 септември 2013 година.