Добивај вести на Viber
Засега непознати сторители украле над 570 илјади денари, односно околу 9.500 евра од банкомат на ТТК банка, соопшти полицијата од Тетово. Како што стои во соопштението, парите биле извадени од банкоматот кој бил сместен во продавницата на „Симпо“ на булеварот Маршал Тито во Тетово.
Не се знае времето во кое била направена кражбата, но е утврдено дека минатата ноќ е пробиена заштитната метална решетка од задната страна на продавницата, по што разбојниците насилно ја отвориле вратата. Потоа се упатиле кон банкоматот, насилно го отвориле во долниот дел каде имало пет метални каси од кои ги извадиле парите по што избегале.
Полицијата работи на откривање на сторителите, а се споменува и дека има откриено траги за вештачење што ќе и ја олеснат работата.