13 Мај, 2024
0.0260

Од буџетскиот колач 3,1 милијарди денари за културата во 2019-та

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

3,1 милијарди денари од предлог буџетот за следната година одат во Министерството за култура

 Буџетот на самото Министерство изнесува 215,5 милиони денари, додека на буџетот за финансирање на дејностите од областа на културата припаѓаат 2,9 милијарди денари. 

– Над 92 осто од планираните средства од вкупниот буџет на Министерството за култура се предвидени за финансирање на дејностите од областа на културата, околу осум отсто се предвидени за трошоците на администрацијата на Министерството, соопшти министерот за култура Асаф Адеми.

Тој потенцира дека во Предлог-буџетот за следната година има зголемување на средствата во ставката разни трансфери, односно има директно зголемување за културните активности. Во 2018 година во оваа ставка биле одобрени 904 милиони денари, а во 2019 година се предвидени 936 милиони денари или 32 милиони денари поголем буџет од лани.

– Годинава 32 отсто од разделот дејности од областа на културата се предвидени директно за културни активности што претставува највисок процент и вредност споредбено со претходните години, рече Адеми.

За Агенцијата за филм на Република Македонија за разлика од лани, кога биле одобрени 150 милони денари за програмски активности, во овој Предлог-буџет се предвидени 170 милиони денари или зголемување од над 13 отсто. Истиот процент важи и за зголемувањето во трансферите за фолклорна и сценско-уметничка дејност.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо