Добивај вести на Viber
Домаќинствата приклучени на најголемиот скопски снабдувач со топлинска енергија "Балкан енерџи груп" - БЕГ од денеска ќе плаќаат помали сметки за парно за 2,82%, додека корисниците на Скопје-Север за 2,12%.
На редовна седница, Регулаторната комисија за енергетика ги потврди своите пресметки за процентот за намалување на цената на топлинската енергија за овие два снабдувача утврдени на подготвителната седница, додека, пак, за третата енергетска компанија "ЕЛЕМ Енергетика" првично предложеното намалување од 0,71% го спушти на 0,54%.
Додека исклучените корисници од системот на БЕГ, пак, од денеска ќе плаќаат повисок фиксен надоместок, зашто РКЕ ја зголеми цената на ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место за една година од 893 на 1.037 денари за киловат.
Повисок фиксен надоместок има и за исклучените од Скопје-Север кои од денеска ќе плаќаат 1.055 денари за киловат ангажирана моќност, додека корекција на цената кај "ЕЛЕМ Енергетика" нема.