19 Јануари, 2025
0.0246

Од февруари електронски билет за автобуски превоз

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

По електронски пат ќе се издаваат билетите за автобускиот превоз од февруари следната година, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прелиминарна електронска распределба на возни линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници.

Електронското издавање билети ќе биде обврска на сите автобуски станици во спротивно ќе ги изгубат лиценците.

- Граѓаните ќе може од дома  да букираат електронски билети исто како и авионските, рече Јанакиески.

До крајот на годината ќе биде изработена и мобилна апликација со која ќе се следат линиите, односно кој дестинациите и времето на сообраќање на превозниците.

Јанакиевски е задоволен  од зголемениот интерес на автобуските превозници за возните линии, што смета дека е резултат на измените во Законот за патен сообраќај. Годинава  превозниците доставиле  458 апликации, односно 102 повеќе во однос на лани. За меѓуопштинските возни редови се доставени  231 апликација за нови линии и 13 за промена на постоечки, а кај меѓународните 212 апликации и две за промена.  Превозниците што се најдоа на прелиминарната листа во наредните 10 дена ќе добијат решенија, по што ќе следи и официјалната распределба на линиите.

Со новините во возните редови, за градовите во близина на Скопје, односно Куманово, Тетово и Велес во периодот од 6 до 8 часот разликата помеѓу две појдовни линии од 20  минути е намалена на 10 минути. Исто намалување има и во обратен правец, информира Јанакиески.

Министерот за транспорт пред превозниците истакна и дека има драстично намалување на сивата економија во автобускиот превоз. Како дел од активностите за сузбивање на нелегалните превозници, во последната година времено се одземени 250 возила, а трајно 55, информира Јанакиески.

Според него, постојано се одвива и процесот на лиценцирање на компаниите. Досега Министерството издало 4.553 лиценци за вршење превоз во патниот сообараќај, од кои 615 за јавен превоз на патници, 203 за вршење превоз за сопствени потреби на патници, 2.600 за јавен превоз на стока и 1.135 за вршење превоз на стока за сопствени потреби

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ