20 Април, 2024
0.0251

Од играчка, плачка!

Објавено во: Колумни 05 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Деновиве бевме шокирани од настанот што се случи на стадионот тумбе кафе во Битола.  За жал на натпреварот кој требаше да биде празник на фудбалот меѓу Пелистер и Вардар, неколку несовесни навивачи, одбиваат да го напуштат натпреварот во организирана придружба на полицијата, и тоа заради нивна безбедност, а еден од нив и  настрада од шок бомба. И тоа заради негова глупост. Посегна по шок бомбата  на појасот на полицаецот и си ја повреди раката, а повредени беа и други навивачи кои се наоѓале во негова близина. Се со цел да изигрува херој..Иако има и други верзии на настанот. Старите велат ,,Од играчка плачка,,. Ова момче може да остане осакатено за целиот живот.  Но, зошто? Паради тоа што некој победил или изгубил на натпревар.  Па вреди ли да се изгуби и малиот нокт за ваков настан. Разбирам да се навива со страст, и самиот сум во таа категорија навивачи. Но да се тепам, и да правам глупости тоа нема врска со добар фудбал, и верни навивачи.  Добре бре, овие деца не играле како деца ,, Не лути се човече,, Еднаш губиш еднаш победуваш, и поразот и победата се дел играта. Кога ги видов снимките се прашував какви се овие гневни деца, кои не можат да се контролираат. Не можам поинаку да го разберам постојаното непочитување и спротивставување на се што е дефинирано како ред, закон и негово доследно спроведување. Уште пожално е што такви личности добиваат медиумско внимание. Како некој да оди на спортски натпревар ако знае дека вакви работи може да се случат? Како да го земам син ми на натпревар ако знам дека постои веројатност да биде повреден. Само да потсетам дека неодамна заврши светското првенство во фудбал, кое беше вистинско уживање како за присутните на теренот, така и за оние пред малите екрани. Веќе и да нема стадиони со високи огради, туку неколку метри ги делат навивачите од самиот терен, а тие се дисциплинирани и си ги знаат своите права.  Токму и затоа фудбалот остана најпопуларен спорт, а парите кои се вртат во него се поголеми. Да се осуди е лесно. Овој настан на стадионот Тумбе Кафе во Битола дефинитивно тоа и го заслужува, но суштината  на проблемот е како тие негативни емоции на поединци да се амортизираат, бидејќи тие дефинитивно не водат никаде. Како секој да преземе лична одговорност за своето дело? Можеби тоа лице е невработено, има проблеми, и не му е лесно да преживее во Македонија, па има потреба својот стрес и фрустрација да го искаже на фудбалски натпревар. И некако стана навика да се оди на натпревар за да се изнавика, и да се пцуе на се и сешто!! А најмалку да се гледа  спорт и спортски да се навива. Можеби токму затоа се помалку се оди на фудбалски натпревари, каде ќе се изнаслушаш сѐ и сешто, каде сите се тренери и се разбираат во фудбал, и каде многу лесно секој си дозволува да каже што сака. Да го повиши тонот, да ја покаже својата ,,машкост,,! Повеќето од луѓето ако нешто не им оди како што треба себеси се гледаат како жртви, и секогаш некој друг им е виновен, во конкретниот случај тоа е полицијата, организаторот, Фудбалската федерација на Македонија. Секогаш е виновен некој друг. Ова дивеење потсетува на анаглиските хулигани од раните деведесети години кои дивееја низ Европа, а дома беа како припитомени мачки, мирни и пристојни. Но и тоа се смени, а сликата со англиските навивачи веќе одамна не е иста. Секој оној кој вистински го сака фудбалот, не може а да не се наежи од атмосферата пред натпревар, кога се приближува река на луѓе кон стадионот, кога се развиорени знамињата, кога дедо држи внук за рака, кога сите се насмеани и исполнети со надеж и желба за победа. Само ваквите луѓе заслужуваат да бидат дел од еден спортски натпревар, каде дури и на противникот ми се аплаудира, а каде нема пцовки, навреди и негативни емоции. А од несреќниот настан ако може нешто убаво да се извади е само реакцијата на навивачката група “Шкембари” кои со сопствени автомобили ги носеле повредените “Комити” во болница, иако се децениски спротивставени навивачки групи, и иако во текот на натпреварот беа и навредувани. Тие покажаа хуманост која е за секоја пофалба. Фудбалот во Македонија отсекогаш се сакал, имаме поединци кои не вивнаа на врвот, чии спомени треба да ги негуваме, поради нас самите и нашите деца, и секој со својата постапка да биде пример за останатите. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок