30 Април, 2024
0.0423

Од каде „Уготур“ извади 246.000 евра да плаќа пакети акции во „Макошпед“ и во „Технометал Вардар“?

Објавено во: Економија 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

„Уготур“ за првите шест месеци годинава има приход од продажба во износ од 265.000 евра, а во два наврати годинава оваа фирма купи акции во „Макошпед“ и во „Технометал Вардар“ за кои плати 246.000 евра. Од билансот се гледа дека нема краткорочни ниту долгорочни кредити, но има тековни обврски кои во однос на првото полугодие лани пораснале за 550.000 евра. Од каде позајмиле и зошто вложија во акции кои со години наназад не делат дивиденда? „Фактор“ бараше, но не доби одговори од менаџментот, можеби некој од малите акционери ќе бара објаснување?

„Уготур“ годинава во два наврати направи импозантни инвестициски чекори на фирма од негова големина. Имено во два наврати , првпат во февруари и втор пат во јули купи акции во две компании: „Технометал Вардар“ и „Макошпед“. Во „Технометал Вардар“ вложи над 83.000 евра и сега во јули уште 163.200 евра во акции во „Макошпед“. Во „Технометал Вардар“ поседува 23,25 отсто од акциите , а во „Макошпед“ 15 отсто од управувачките права. Зошто „Уготур“ кој и самиот работеше со загуба до лани плати над 246.000 евра за акции во компании кои барем три години наназад не поделиле дивиденди? Одговор на ова прашање нема. „Фактор“ барал одговор по купувањето акции во „Технометал Вардар“, но одговори не сме добиле.

Полугодишниот биланс на „Уготур“ покажува дека компанијата значајно го подобрила своето работење во однос на лани. За првото полугодие имаат приходи од продажба во износ од 265.000 евра и тие се за 46 отсто повисоки од истиот период лани. Дури компанијата книжи добивка од 64.000 евра. Во билансот на состојба се гледа дека немаат кредитни обврски. Но се гледа дека тековните обврски се на износ од 38,7 милиони денари на 30 јуни годинава и тие се 7 пати повисоки од тековните обврски во првото полугодие лани.

Хронологија на активности:  „Уготур“ - „Технометал“ -  „Макошпед

-Во февруари годинава „Уготур“ плати  над 83.000 евра за да купи 23,2 отсто од сите акции со право на глас во „Технометал Вардар“ и сега е втор по големина акционер во таа компанија откако ги купи акциите што таму ги поседуваше адвокатот Јован Јоанидис. 

-На 7 март при што „Технометал Вардар“ продаде 10,41 отсто од сите акции со право на глас во шпедицијата „Макошпед“. Акциите се продадени на јавна аукција на која имаше само еден понудувач – Никола Лазаров. Тој ги купи акциите за 209.000 евра односно по цена од 157 денари за акција. Книговодствената цена на таа акција е над 1.000 денари. Кратко потоа „Макошпед“ плати 495 денари за секоја купена акција од Никола Лазаров, неговиот акционер и член на Одбор на директори иако во истиот период друга фирма голем акционер продаде свои акции во „Макошпед“ по цена од 185 денари за акција! Со ова Лазаров оствари добивка од 338 денари затоа што акциите што ги продаде за 495 денари ги купи во март по цена од 157 денари за акција. Никола Лазаров, акционер во „Макошпед“ заработи 226.270 евра капитална добивка од продажба на дел од своите акции кои ги купи оваа шпедиција и ги плати со пари на сите акционери за да ги складира во сопствен откуп. Лазаров  купи 82.106 акции и ги плати по цена од 157 денари за акција. Три месеци подоцна на 19 јуни годинава Лазаров продаде 48.606 акции по цена од 495 денари за акција, а купувачот е „Макошпед“ и станува збор за сопствен откуп на акции

-На 20 јули „Уготур“ плати 163.200 евра за 53.000 акции во „Макошпед“ и станува акционер што поседува 15,11 отсто од акциите со право на глас во „Макошпед“. Продавач на акциите е Томе Ќорнаков, домашно физичко лице кое неполни три месеци пред тоа ги купи тие акции во „Макошпед“ па ги продаде на „Уготур“. Со тоа „Уготур“ станува трет по големина акционер во структурата на „Макошпед“.

Што е „Уготур“?

Според официјалните податоци „Уготур“ е компанија која е специјализирана за ресторански услуги и подготовка и послужува на храна и со таа дејност се занимава долги години наназад. Компанијата всушност е произлезена од поранешната менза на металуршкиот комплекс „Рудници и железарница“ Скопје и ги опслужувала со храна многубројните вработени на овој бивш скопски гигант. 

Според официјалните податоци за 2015 и за 2014 година „Уготур“ работел со загуба и тоа во вкупен износ од 7,3 милиони денари од кои 4,17 милиони денари е загуба остварена во 2015 година, а 3,12 милиони денари е загуба остварена во 2014 година. 

Според податоците од независниот ревизорски извештај во 2015 година целиот приход од продажба на „Уготур“ изнесувал вкупно 22 милиони денари односно околу 356.000 евра. Освен тоа во истиот извештај е наведено дека акционерскиот капитал на компанијата е 56 милиони денари, а непокриената загуба изнесува над 30 милиони денари. 

Зошто „Фершпед брокер“ ја плати акцијата на „Уготур“ 4 пати над книговодствена вредност?

„Уготур“ лани беше актуелен и по тоа што „Фершпед Брокер“ ги купи акциите во „Уготур“ од фирмата мајка „Фершпед“. При тоа Фершпед брокер“ „ничим изазван“ купи од фирмата мајка „Фершпед“ 24,4 отсто акции во угостителска фирма Уготур, која две години наназад работи со загуба, а ги плати акциите четири пати поскапо од нивната книговодствена вредност. При тоа „Фершпед брокер“ плати 101 денар за акција што на 12 јануари годинава некој ја продал за 7 денари за акција (количеството е 500 акции, а трансакцијата е 3.997 денари). Во голема мерка парите што „Фершпед Брокер“ ги обезбеди за купување акции во „Уготур“ беа од продажбата на своите акции во „Македонската берза за хартии од вредност и од Централниот депозитар за хартии од вредност. Повеќе на темата може да прочитате на следниот линк.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?