Од ноќеска на полноќ горива ќе се точат по поскапа цена
Објавено во: Економија 14 Мај, 2018
Нови цени на горивата.
Регуларната комисија за енергетика реши да ги зголеми цените на нафтени деривати за еден до два денара.
Тоа значи дека цената на Еуросупер БС – 98 се зголемува за два денара за литар и ќе се изнесува 73,50 денари.
Скока и цената на Еуродизелот за еден денар и ќе биде 63 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар и ќе чини 71,50, односно 52 денара.
Овие цени ќе важи во следните две недели.