20 Мај, 2024
0.0317

Од партијата на Павле Трајанов велат дека со смислена провокација Бугарија сака да го бугаризира Илинденското востание

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Демократски сојуз вели дека Парламентот во Бугарија го бугаризира и Илинден. 

Од партијата на Павле Трајанов велат дека наместо подобрување на односите, Бугарија со смислена провокација пред Илинден, националниот празник на Македонците и македонската држава, со резолуција сака да го бугаризира Илинден. 

„Во услови кога ДУИ и СДСМ започнаа постапка за уставни промени, со цел Бугарите да бидат внесени во Уставот на Македонија, Движењето за промени на Кирил Петков (наводниот демократ), тргна по патот на Каракачанов, предлагајќи Бугарскиот Парламент да донесе Декларација со која Илинденското востание ќе го прогласи за бугарско. Оваа Декларација покажува дека уставните промени нема да го отворат европскиот пат за Македонија, туку ќе се искористат за поагресивна антимакедонска кампања, негирање на македонскиот народ, јазик, историја и култура. Македонската дипломатија предводена од ДУИ, ги загрозува нашите национални и државни интереси, поради што се неопходни коренити кадровски промени. И покрај очигледните анационални активности, криминалот, блокада на институциите, огромно незадоволство на граѓаните, СДСМ не трепнува, за сѐ ги обвинува тие што пред седум години биле на власт, но не им сметаше со дел од нив да прават бизнис коалиции. Сакаме јавно да соопштиме дека без реципроцитет, уставни промени нема да има. Само со признавање на правото на здружување на Македонците во Бугарија, можно е да очекуваме промени на подобро. СДСМ треба да ги преспита своите ставови, дали ќе оди на предвремени избори или и натаму ќе го одржува ДУИ на власт“, се вели во соопштението од партијата.

Од соседна Бугарија деновиве доаѓаат изјави со кои отворено кажуваат дека Илинденското востание според нив е бугарско. Ваков став изнесе и бугарскиот претседател Румен Радев. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража