19 Мај, 2024
0.0255

Од понеделник граѓаните се пријавуваат за отпис на долгови

Објавено во: Економија 16 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии го објави јавниот повик до граѓаните за еднократен отпис на долгови за најранливите категории. Од понеделник во Центрите за социјална работа ќе можат да се пријават граѓаните кои сметаат дека ги исполнуваат законските услови за отпис на долговите. Еднократното простување на долговите за струја, греење, кредити важи за корисниците на социјална и постојана парична помош, невработени лица подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години. „Постапката е едноставна- граѓанинот треба да пополни основни податоци, име и презиме за себе и за брачниот другар и да пополни во формуларот каков вид долг има. Граѓанинот со себе треба да носи лична карта и лична карта на брачниот другар. Тие ќе треба да потпишат изјава со која ќе дадат согласност за државните институции да можат по службена должност да ги набават сите други потребни документи од државните институции со цел постапката да биде поедноставна за граѓаните и да мера да одат по шалтери да ја обезбедат потребната документација“, објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Ќе се отпишуваат долговите настанати до 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, а кои не се обезбедени, како и за радио дифузна такса. Со мерката заедно со главниот долг предвидено е да се отпишат и каматите, како и трошоците за нотари и извршители. Според Ставрески, интересот кај компаниите кон кои должат граѓаните за вклучување во овој проект бил голем, а со нив во текот на следната недела Владата ќе потпише договори. За да ги отпишат долговите, тие ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент од долгот, кој нема да биде повисок од 10% од отпишаниот долг. „Со реализацијата на овој проект, Владата значително ќе им помогне на најранливите категории на граѓани кои поради влошените финансиски услови и последиците од долготрајната европска и светска криза не можеле да ги платат обврските навреме“, потенцира Ставрески. Проценките се дека со мерката ќе бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 граѓани кои имаат проблем да си ги подмират долговите.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа